Насловна / Арт и дизајн / Повик за учество на работилница за Design Thinking

Повик за учество на работилница за Design Thinking

Во рамките на проектот ДИЗАЈН ПРЕДИЗВИК /DESIGN CHALLENGE/, дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска, по втор пат, организираат дводневна бесплатна работилница за „ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ“ /DESIGN THINKING/.

Проектот е креативен пристап преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.design-thinking-workshop

Работилницата е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици, запознавање со основите на DESIGN THINKING методологијата, изучување на конкретни DESIGN THINKING методи, техники и вежби и искусување на целиот DESIGN THINKING процес.

Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HASSO PLATNER D-SCHOOL од Берлин и ќе биде на англиски јазик.intro-design-thinking-workshop-may

Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 10 октомври. Работилницата ќе се одржи на 15 и 16 октомври од 10 до 17 ч.design THINKING workshop2 ideation-design-thinkink-workshop-may

Повеќе информации и форма за апликација на

www.designtatamata.com

Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.

Испрати коментар

Scroll To Top