A’ (A-Prime) Design Award&Competition е меѓународно годишно натпреварување за дизајн, при што победниците ги одредува жири комисија. Наградите на A’ Design се класифицирани во широк спектар на креативни полиња со цел да се истакнат најдобрите дизајнери од сите земји и во сите дисциплини. Пријавите за натпреварувањето се внимателно разгледувани и анонимно оценувани од влијателен жири-панел составен од искусни академици, истакнати членови на печатот и докажани професионалци. A’ Design Award & Competition ветува слава, престиж, публицитет и меѓународно признание за сите победници на A’ Design Award преку A’ Design наградата која се доделува за да се величаат наградените дизајни.
Секоја година, проектите насочени кон иновација, технологија, дизајн и креативност се наградуваат со A’ Design Award. Пријавите се прифаќаат на годишно ниво до 28 февруари 2015 година, а резултатите се објавуваат секоја година на 15 април. Дизајнерите ширум светот се повикани да земат учество во рангирањето преку пријавување на своите најдобри дела, проекти и производи. Пријавите се прифаќаат доколку се дизајнирани во последните 10 години.
A’ Design Award & Competition е формирана за промоција и да се оддаде признание на најдобрите дизајнерски дела во сите земји и во сите креативни дисциплини. Примарна цел на A’ Design Award & Competition е да се создаде глобална свест и разбирање за практиките и принципите на добриот дизајн преку истакнување на најдобрите дизајни во сите земји и во сите индустриски полиња. Крајната цел на A’ Design Awards е да им помогне на дизајнерите и брендовите ширум светот да креираат супериорни производи и проекти кои се од корист за општеството.
A’ Design Award & Competition има филантропска цел да го напредне општеството преку проширување на границите на науката, дизајнот, креативноста и технологијата. А` Design натпреварот цели кон креирање мотивациони програми за да се поттикне и награди креативноста, оригиналните идеи и создавањето концепти во сите индустриски сектори. Логото за „Добитник на А` Design Награда”, кој го добиваат победничките дизајни, ги истакнува оригиналните, функционалните и ефикасните дизајни, кои помагаат светот да стане подобро место за живеење.