Насловна / Архитектура / Повик за номинација на кандидати за делегати во Собранието на КОАИ

Повик за номинација на кандидати за делегати во Собранието на КОАИ

Согласно Одлуката на Собранието за распишување на избори во Комората за мандатниот период 2025-2029 бр.02-126/7 од 22.2.2025 година, како и Одлуката за број на претставници по одделенија и региони во Собранието на Комората за мандатен период 2025-2029, бр.02-209/4 донесена на 07.03.2025 година и Термин планот за спроведување на изборите предложен од Централната изборна Комисија и прифатен од Управниот Одбор на 10.03.2025 година, се распишува повик за номинација на кандидати за делегати во Собранието на КОАИ за мандатен период 2025-2029.

Во согласност со УПАТСТВОТО за избор на претставници од одделенијата во Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, раководители и заменик раководители на професионалните одделенија во Комората, претседавач и заменик претседавач на Собранието на Комората и Претседател и членови на Надзорниот одбор на Комората (пречистен текст) бр.02-192/2 од 25.2.2025 година, право на номинирање на кандидат за Собранието на КОАИ има:

  • секој активен член на комората кој е матичен член на соодветното професионално одделение на комората (член 1, став 5 и став 6).

Кандидирањето на претставниците во Собранието на КОАИ и изборот на регионални претставници од одделението во Собранието на КОАИ се врши согласно член 5 и член 6 од горенаведеното упатство.

Кандитатурите се доставуваат на формулар предвиден во Упатството во печатена форма во просториите на Комората на адреса Бул. „Партизански одреди“ 29, локал 15, Т.Ц Буњаковец, Скопје, или на електронската пошта [email protected], дигитално потпишан/односно скениран доколку има рачен потпис, најдоцна до 19.03.2025 година до 16 часот. Во формуларот за номинација треба да стои градот на кандидатот согласно податоците од неговата лична карта. Задоцнетите кандидатури нема да се прифаќаат.

Објавувањето на резултатите од прифатените номинации ќе биде на 24.03.2025 година.

Изборот на претставници од одделенијата за Собрание на КОАИ, е предвидено да се одржи на 02.04.2025 година, по електронски пат со соодветна електронска алатка.

Испрати коментар

Scroll To Top