Насловна / Вести / Повик за мали компании за обука и бесплатни консултантски услуги за енергетска ефикасност

Повик за мали компании за обука и бесплатни консултантски услуги за енергетска ефикасност

Центарот за климатски промени како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од УСАИД, а имплементиран во соработка со Консалтинг за стратешки развој распишува јавен повик за вклучување на заинтересирани компании во обука за обезбедување услуги за енергетска ефикасност, подобро управување со енергијата и искористување на обновливи извори на енергија. Во првата фаза од проектот ќе бидат избрани 20 микро, мали или средни претпријатија кои ќе присуствуваат на бесплатна дводневна обука за енергетска ефикасност и управување со енергијата. Понатаму, 6 компании ќе бидат избрани во следната фаза во која ќе се подготви енергетски аудит за секоја компанија, како и физибилити студии со конкретни мерки за подобрување на енергетската ефикасност и остварување на енергетски заштеди. Сите детали за повикот и критериумите за учество се достапни на следниот ЛИНК. 

FB-Javen-povik-1-01-407x270

Испрати коментар

Scroll To Top