Насловна / Вести / Повик за јавна дискусија и консултации за Нацрт Стратегијата и Акцискиот план за БЗР

Повик за јавна дискусија и консултации за Нацрт Стратегијата и Акцискиот план за БЗР

Министерството за труд и социјална политика објави дека ги поканува сите засегнати и заинтересирани страни да ги разгледаат подготвените нацрт-текстови на новата Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021-2025 и Акцискиот план за БЗР за периодот 2021-2023 година.

Согласно новата Стратегија, насоките за подобрување и унапредување на системите за БЗР во периодот до 2025 година, ќе се фокусираат на три основни стратешки приоритети:

1. Јакнење и унапредување на законска рамка во БЗР;

2. Јакнење и унапредување на организациските капацитети и човечки ресурси, и

3.Јакнење и унапредување на способноста за одговор на системите на БЗР на постоечки и новонастанати ризици.

Забелешките, коментари и предлозите  за подобрување на содржината на нацрт-Стратегијата и Акцискиот план за БЗР, може да се доставуваат на e-mail адреса:   [email protected], најдоцна до 11-ти октомври 2021.

bzr1

bzr2

Испрати коментар

Scroll To Top