Општина Штип ги повика граѓаните и правните лица на територија на Општината Штип да учествуваат на јавниот повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови.
Јавниот повик се распишува согласно на Член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник) на РМ и според него, во период од 30 дена, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од Членот 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
Јавниот повик ќе трае од 20.04.2016 г. до 20.05.2016 година или 30 дена. Јавниот повик е објавен на интернет страната на Општина Штип, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службено гласило на општината.
Сите заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Штип или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.
За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2016 година. Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да се обезбедат од подносителите на иницијативите – правни или физички лица.