Овој објект од Јапонија служи како куќа за живеење и како стоматолошка ординација, каде јапонското архитектонско студио Тomohiro Hata инкорпорира серија на празнини во зградата за да се постигне неколкуслоен и флексибилен распоред. Структурата е перфорирана со три двовисински отвори кои овозможуваат поглед кон небото. Засеците се полни со природно зеленило кое е застаклено, така што се генерира чувство на проточност низ него. Дизајнот овозможува одредено ниво на адаптибилност, односно на кој начин корисниците можат да ја користат архитектурата, така што можат да изберат како ќе ги користат нивоата, дали за медицинска намена или за живеење.