Сѐ уште се активни повеќе пожари во земјава. Се интервенира во атарот на скопското село Студеничани, на Жеден во околина на Тетово, Македонски Брод, Крушево, во близина на битолските села Алданци и Норово.
Гори и сува трева во Полошкиот регион во близина на селотоп Корито. Забележани и се уште е активен пожарот на падините на Јакупица што избувна пред три дена, кој не е локализиран поради пристапноста на теренот. Обновен е огнот во близина на Богомила, а шумски пожар има од синоќа и во атарот на село Дреново.
Пожарникарите, цивилното население, полицијата и армијата работат на згаснување на пожарите низ земјава, но се спречени од високата температура која на места ги надминува 40-те степени целзиусови.
Оваа температура ќе се задржи до четврток, велат во УХМР, а топлотниот тропски бран ќе достигне 42 степени.