Насловна / Вести / Повеќе потреба отколку луксуз

Повеќе потреба отколку луксуз

Во денешно време кога имаме сè поголем степен на загаденост на воздухот и сè повеќе се гради
во централното подрачје, градините на покривите не се повеќе луксуз туку потреба. Со градење на објектите се одземаат површини кои треба да се (или се) зеленило. Затоа тие одземени површини потребно е да се надокнадат.
Успешноста на заменување на природната улога на почвата од зелените површини е во техничкото решение на системите кои се вградуваат во зелените покриви. Со надокнадување на изгубените зелени површини, правиме нови услови на покривите.

Затоа и доаѓаме до заклучокот дека градините на покривите не се повеќе луксуз туку потреба.
Она што го добиваме дополнително од овој тип на покрив, е следново:

ЕКОЛОШКИ БЕНЕФИЦИИ

Ecological-Benefits-of-Green-Roofs7-800x388

Задржување на дождовница (од рамниот покрив целата дождовница 100 % се слева во атмосферската канализација), но со системот на зелениот покрив во зависност од типот се задржува 50-90 % со што се овозможува истовремено раст на вегетацијата.

Ecological-Benefits-of-Green-Roofs1

Подобрување на микроклимата.

Ecological-Benefits-of-Green-Roofs2

Прочистување на воздухот – зелените покриви прочистуваат 10-20 % прашина од воздухот.

Ecological-Benefits-of-Green-Roofs3

Подобрување на звучната изолација – го намалуваат одразот на звукот до 3 dB и ја подобруваат звучната изолација на покривот до 8 dB. Овие предности се појавуваат на објекти кои се наоѓаат на побучни места.

833d131c6556e35674227fd99ce67cf1

Овозможување на ново живеалиште на растенија и инсекти.

ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИЦИИ

Високо ниво на задржување на дождовницата – веќе спомнавме дека од рамниот покрив целата дождовница се слева во атмосферската канализација која понатаму придонесува до големи проблеми како поплави, додека со системот, количеството на вода која се слева во атмосферската канализација е многу мало и притоа не придонесува до преоптоварување на канализацијата.

Ecological-Benefits-of-Green-Roofs5

Продолжува векот на траењето на покривот.
Заштита на кровната конструкција и хидроизолација од : УВ-зрачење, студ , топлина, град, па и од механичко оштетување.

waermedaemmung

Топлинска изолација – намалување на трошоците за ладење и греење.

grundstueck

Подобрување на животната средина.

Дополнително искористливо место за поквалитетно живеење – рекреативни градини на покривите, кафулиња на покривите, спортски активности итн.

nutzbare_flaeche

Овие бенефиции можат да се постигнат со различни типови на системи:
екстензивен, семи-интензивен и интензивен.

Автор: Јана МИЛИСАВЉЕВИЌ, ЗЕП ЕКО МАК

 

Екстензивен

зелен покрив

Семи-интензивен зелен покрив

Интензивен

зелен покрив

Одржување

Ниско

Периодично

Високо

Наводнување

Не

Периодично

Редовно

Вегетација 

Седум, зачини  и треви

Трева, зачини и грмушки

Тревник, повеќегодишни

растенија, грмушки и дрвја

Висина на систем

60 – 200 мм

120 – 250 мм

150 – 400 мм на

подземни гаражи > 1000 мм

Тежина

60 – 150 кг/м2

120 – 200 кг/м2

180 – 500 кг/м2

Трошоци

Ниски

Средни

Високи

Употреба

Еколошки слој за заштита

Дизајниран зелен покрив

Парк како градина

Испрати коментар

Scroll To Top