Насловна / Вести / Повеќе од 60% од светската популација користи социјални мрежи

Повеќе од 60% од светската популација користи социјални мрежи

Според податоци од 2024 година, 62% од вкупната светска популација користи социјални мрежи, а бројот на корисници секоја година се зголемува. Според статистичката агенција Statista, Facebook од април ја презема челната позиција меѓу платформите на социјалните мрежи според бројот на корисници, со повеќе од 3 милијарди активни корисници. Instagram и WhatsApp, кои се во сопственост на компанијата Meta, која исто така го поседува и Facebook, се наоѓаат на 3-то и 4-то место на листата, со две милијарди корисници, а на седмото место е Facebook Messenger со една милијарда корисници.

YouTube, платформата во сопственост на Google, се наоѓа на второто место со 2,5 милијарди корисници. Платформата X (претходно Twitter) се наоѓа на 11-тото место со 611 милиони корисници. Шест компании со седиште во Кина исто така се најдоа на оваа листа. Најпопуларна платформа е TikTok со речиси 1,6 милијарди корисници.

Бројот на корисници на социјални мрежи е зголемен за 5,6% во однос на 2023 година, а речиси 5,35 милијарди луѓе во светот користат интернет.

 

Испрати коментар

Scroll To Top