Насловна / Вести / Повеќе градови во регионот веќе ги надминаа дозволените денови со прекумерно загадување – лидери се Кичево и Нови Пазар

Повеќе градови во регионот веќе ги надминаа дозволените денови со прекумерно загадување – лидери се Кичево и Нови Пазар

Сеуште не минале два месеци во оваа година, а во регионот повеќе градови веќе ги надминаа дозволените 35 дена годишно со загадување на воздухот над пропишаните 50 микрограми по метар кубен (заклучно со 22.02.2024). Притоа, Нови Пазар во Србија и Кичево се на врвот на листата со 44 дена во кои е надмината оваа гранична вредност. Согласно податоците во регионот, се заклучува дека квалитетит на воздухот во голем број на градови се сврстува во трета категорија. Така во Србија, веднаш по Нови Пазар следува Ваљево со 41 ден со надмината гранична вредност, па Ужице и Косјериќ со по 39. Вкупно 7 градови во Србија досега ги надминале пропишаните 35 дена. Во Македонија, по Кичево следува Струмица со 41 ден, Кавадарци со 40, па Тетово со 39. Вкупно 6 мерни станици во Македонија регистрирале пречекорувања над дозволените во повеќе од 35 дена од почетокот на годинава. Во Босна и Херцеговина, пречекорување бележат мерните станици во три града – Добој, Зеница и Сараево.

smog1

Испрати коментар

Scroll To Top