Насловна / Вести / Потрошувач од САД го тужи модниот гигант H&M за greenwashing

Потрошувач од САД го тужи модниот гигант H&M за greenwashing

Шведскиот мултинационален ланец за брза мода H&M е една тужба поднесена пред американски суд, е обвинет за лажен зелен маркетинг, поради, како што се тврди, лажно претставување на некои свои производи како „одржливи“.  Оваа тужба е показател на се повисоката свест кај потрошувачите, дека многу големи компании практикуваат т.н greenwashing. Во тужбата се вели дека поголемиот дел од производите кои H&M ги промовира како одржливи, не се поразлични од останатите производи на оваа компанија. Со тоа, како што тврди подносителот на тужбата, компанијата ги наведува потрошувачите да плаќаат повисока цена верувајќи дека купуваат еколошки прифатливи производи.

h&m1

Купувачите несомнено станаа посвесни дека модната индустрија има негативно влијание врз животната средина и се повеќе се одлучуваат за купување на одржливи производи. Една неодамнешна студија покажала дека речиси 80% од американските потрошувачи го земаат во предвид еколошкото влијание на производите пред да се одлучат да го купат, додека околу 70% од нив велат дека би ги промениле своите куповни навики доколку дознаат дека некоја компанија не работи одржливо. Модната индустрија се смета з асериозен загадувач на животната средина поради огромните количини на текстилен отпад кој го генерира. На глобално ниво, само 20% од облеката повторно се користи или се рециклира, додека 80% са пали или се фрла на депонии. Облеката која завршува на депониите може да остане таму и по 200 години, а со нејзиното разградување се ослободува метан, гас чиј ефект ан стаклена градина е поизразен отколку оној на CO2.

h&m2

Испрати коментар

Scroll To Top