За разлика од архитектурата, пејзажната архитектура претставува динамична средина која секојдневно еволуира (и скоро секогаш се подобрува) низ времето. Нејзините паркови и градини никогаш не се завршени. Или пак, завршениот пејзаж денес не е завршен пејзаж од пред многу години. Главната улога на пејзажните архитекти е нивно вклучување во работата и предвидување за сите тековни промени кои ќе се или би се одвивале во градината.
Работата на пејзажниот дизајнер не е само разубавување на просторот. Негова основна цел при креирање на одреден пејзаж е создавање на амбиент во развој кој во иднина ќе иницира на здрав начин на живот и квалитетно изградена средина фокусирана на еколошката основа и еколошката рамка.
Градината е дел од природни процеси и непланирани човечки влијанија кои барем делумно, стануваат нејзини нови дизајнери. Сепак, ако дизајнот на пејзажниот архитект е важен на првиот ден, тој е подеднакво важен и по петтата година како и подоцна, а сето тоа се постигнува со тековно одржување на градината.
Потребата за вклучување на дизајнерите со текот на времето се јавува затоа што голем број брзорастечки растенијата се менуваат, ја губат формата и смислата на дизајнот, па поради тоа треба некој да даде тек на нивната форма. Растот на растенијата не е особено лесно да се предвиди во детали. Растенијата можат да напредуваат, да опаѓаат или да умираат или речиси секогаш да не растат исто како што посакуваме. Водата, почвените услови, инсекти, околните растенија, количини на сончева светлина, времето и многу други фактори влијаат на нив. Аранжман на растенија, кој е одличен кога растенијата се сè уште мали, може да биде сиромашен или деформиран кога тие ќе достигнат поголеми димензии. Растенијата можеби ќе треба да бидат исчистени, додадени, заменети или отстранети. Секој искусен градинар знае точно колку е потребна грижа за секое растение.
Занемарувањето или недоволното одржување е голем проблем за дизајнираните пејзажи. Класичнен случај е примерот со Централ Парк во Њујорк, кој до 1970-тите бил во неодредена форма. Со конкретен план и грижа е започнато од 1980-тите за целосна конзервација и насочување во вистински правец. Дури и денес има многу коментари дека паркот изгледал едноставно, но не сфаќаат колку време и енергија е потребно за да се постигне што поприроден изглед во тоа бетонско опкружување.
Луѓето ги ценат различните пејзажи на различни начини, гледано од различни агли. Некои пејзажи се ценети поради високите естетски вредности, други пејзажи се ценети поради нивниот уникатен или посебен карактер кој е резултат од интеракцијата на природните и човечките влијанија со текот на времето. Ваквите предели можат да станат интегрален дел од идентитетот на локалните заедници. Тие обезбедуваат силно чувство на припадност и печат на жителите во одредено опркужување.
Пејзажите многу ретко добиваат доволна количина на нега. Една од причините е размислувањето дека добрата грижа е скапа и бара еден вид на долгорочно инвестирање. Сепак мора да се напомене дека одржувањето е една од најлесните ставки за намалување на трошоците, бидејќи се спречуваат несаканите резултати како што се разболување и целосно сушење на поедини „капитални растенија“.