Насловна / Вести / Потпишани договорите за изградба на 19 мали хидроцентрали

Потпишани договорите за изградба на 19 мали хидроцентрали

hidrocentrali dogovori

Потпишани 12 договори со концесионери за користење на водата за производство на електрична енергија. На 19 локации ќе се градат мали хидроцентрали, ќе се обезбедат дополнителни 20 мегавати електрична енергија од обновливи извори. Треба да почнат со работа најдоцна за една година.

„Вредноста на еднократниот концесиски надоместок е околу 150 милиони денари. Со изградбата на овие мали хидроцентрали, ќе се обезбедат дополнителни 20 мегавати електрична енергија од обновливи извори“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.

Предраг Чеверикиќ, претставник од Хидроген енерџи груп информира дека компанијата ќе инвестира 5 милиони евра во четири мали хидроцентрали. Тој очекува дека овој период следната година ќе почнат со производство на зелена енергија.

Еден коментар

  1. JA SUM ZAINTERESIRAN KOJA AGENCIJA E ANGAZIRANA ZA PROEKTITE ZA IZGRADBA NA MALITE HIDROCENTRALI
    POZDRAV ARIF

Испрати коментар

Scroll To Top