Претставниците на околу 60 еколошки градови потпишаа Ватиканска декларација која ги повикува националните лидери да усвојат климатска спогодба со која глобалното затоплување ќе се задржи на ниво кое е безбедно за човештвото.
Како што пренесува AP, во Ватиканската декларација наведено е дека се потребни финансиски стимулации за премин кон обновливи извори на енергија, но и пренасочување на финансиите од воена потрошувачка на одржлив развој. Истакнато е дека и националните политички лидери имаат посебна одговорност да на претстојната конференција за климатски промени во Париз го лимитираат глобалното затоплување и го заштитат човештвото.
Светските стручњаци сметаат дека градовите се клучни за намалување на глобалното затоплување поради тоа што градовите емитуваат дури три четвртини од вкупните емисии на стакленички гасови.