Спогодбата за изграбда на подморскиот електричен кабел под Црното Море, за пренос на електрична енергија од Азербејџан во Европа, во Букурешт го потпишале лидероте на Унгарија, Романија и Грузија. Почетокот на изградбата на електроенергетскиот кабел е предвиден за септември следната година, а пуштањето во работа се планира најдоцна за 2029 година. Кабелот од 500kV, ќе биде долг 1195 километри и ќе ги поврзува Азербејџан со Унгарија, преку Грузија и Романија и под Црното море. Инвестицијата вреди 2,3 милијарди евра.
На потпишувањето нa спогодбата присуствувала и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа истакнала дека ЕУ е подготвена да обезбеди финансиска подрршка на овој проект, со оглед дека интерконекцијата е огромна шанса за Грузија, односно за нејзина трансформација во енергетски јазол во тој регион.