Насловна / Вести / Потпишана спогодба за гасна интерконекција БиХ – Србија

Потпишана спогодба за гасна интерконекција БиХ – Србија

Во Бања Лука е потпишана спогодба за изградба на гасоводот „Нова источна интерконекција помеѓу Република Српска (БиХ) и Србија“. Овој гасовод ќе се гради на потегот: Инѓија – Бијелина – Бања Лука – Приједор – Нови Град. Спогодбата е потпишана помеѓу Јавното претпријатие „Србијагас“ и компанијата „Гас – Рес“. Основна цел на проектот е овозможување на БиХ приклучок со гасниот систем на Србија, како и на проектот Балкански тек.

Должината на гасоводот на територијата на Србија е околу 90 километри, а на територијата на БиХ, однодно ентитетот Република Српска 320 километри. Планирано е капацитетт на овој гасовод да биде 1,2 милијарди кубни метри природен гас годишно.

resgas1

resgas2

Испрати коментар

Scroll To Top