Насловна / Вести / Потпишан првиот проект во склоп на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан

Потпишан првиот проект во склоп на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан

Меѓународната финансиска корпорација MIFC и ЕУ го потпишаа првиот од низата проекти за декарбонизација, чија цел е решавање на клучните развојни прашања кои се идентификувани во склоп на Еконосмкиот и инвестициски план за Западен Балкан, за периодот 2021-2027 година, финансиран од страна на ЕУ, а ќе се имплементира преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

eip1

Првиот проект во склоп на ова партнерство има за цел да помогне во унапредувањето на декарбонизацијата и ефикасноста на ресурсите во индустриските паркови ширум регионот. После прелиминарната дијагностика ќе следува таргетирано спроведување на пилот проекти во индустриските паркови во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Албанија. Овие проекти ќе бидат фокусирани на енергетската транзиција, климатските промени и посилен приватен сектор. Целта е поттикнување на регионалната економска интеграција, поддршка на зелената, енергетската и дигиталната транзиција, како и неопходните реформи за напредок на патот кон пристапување во ЕУ.

eip2

 

Испрати коментар

Scroll To Top