Потпишан е меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Архитектонскиот факултет на средба помеѓу градоначалникот на општината, Јован Стојаноски, и деканот и продеканот на архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Огнен Марина и Јован Иваноски.
Меморандумот претставува основа за подготовка на програма во која ќе бидат изнесени идејните решенија за урбанистички развој на општина Охрид, а двете страни изразија надеж дека воспоставената успешна соработка ќе иницира нов подобар пристап во функционирањето на општината.
На средбата првенствено се разговараше за интегрираната стратегија за развој на Охрид, а беа разгледани и различните форми на генерирање соработка преку јавни дебати во кои граѓаните активно ќе учествуваат во донесувањето конкретни решенија, работилници, летни и зимски школи, студентски конкурси.