Пoткровните простори секогаш се третирале како да служат само за добивање на дополнителен простор во рамките на кровните конструкции. Во поново време ова се менува и овие простори можат да бидат доволно шик, урбани и убаво уредени и истите да се употребуваат како удобни домови.
Овој стан кој се наоѓа во поткровен простор се наоѓа во Милано и истиот се карактеризира со простран дневен простор и паметно поделени спални соби.
На долното ниво се наоѓа отворен дневен простор за живеење и забава околу кој гравитираат кујната, трпезаријата и барот кој е инспириран од индустрискиот дизајн.
Со употребата на белата боја на ѕидовите, подовите и плафонот, во целиот дом има чиста и топла атмосфера.
На второто ниво е поставена спалната соба а до неа се доаѓа преку скали кои се од челична конструкција, како и целото второ ниво. Подот на дел од второто ниво е конструирано од индустриска решетка што овозможува визуелна поврзаност помеѓу двете нивоа.