Станот се наоѓа на последниот кат во зграда од 19 век во центарот на Осло, Норвешка. Купувањето на поткровјето над станот му овозможило на клиентот да направи целосно реновирање, каде Haptic Architects ги доведуваат двата ката во еден единствен простор.
Тридимензионалните истражувања на станот и внимателната проценка на значењето на излезите, овозможило да го вклучат секој агол и пукнатина па дури и дел од скалишниот простор во правењето на дизајнот.
Со целосно искористување на промената на катот и можностите што се нудат, се запознавме со просторна драма која ја откриваат вертикалните линии на погледите што се отвораат.
Сончевата тераса има голем стаклен ѕид кој попладне овозможува да продре светлината длабоко во внатрешноста на станот. Дел од поткровниот простор е жртвуван со цел да се добие двојна висина на дневната соба.