Насловна / Вести / Потесното централно подрачје во пешачка зона

Потесното централно подрачје во пешачка зона

dame gruev

Со проширувањето на улицата „Даме Груев“, како што смета градоначалникот Kоце Трајановски, ќе се оствари замислата за претворање на потесното централно подрачје во пешачка зона, со што треба да се намали аерозагадувањето и моменталниот метеж, пренесува „Дневник“.
Градоначалникот Трајановски, како што самиот потенцира во неколку наврати, е решен да ја затвори делумно за сообраќај улицата „Димитрија Чуповски“, односно возилата да ги префрли на „Даме Груев“.
Сè уште не е докрај решено дали на „Рекорд“ ќе се движат само автобуси или и такси-возила, но во секој случај автомобилскиот сообраќај ќе биде забранет. На „Димитрија Чуповски“ е предвидено да минува и трамвај.

Испрати коментар

Scroll To Top