Насловна / Вести / Постројките за отпад на „Дрисла“ сè уште чекаат дозволи

Постројките за отпад на „Дрисла“ сè уште чекаат дозволи

rsz_дрисла
Постројките што треба да ги гради италијанскиот партнер „ФЦЛ амбиенте“ во депонијата „Дрисла“, а кои се наменти за современ третман на отпадот, сè уште чекаат дозволи, информираа надлежните од „Дрисла“ ДОО – Скопје. Договорот за оваа иницијатива меѓу Градот Скопје и приватниот инвеститор е склучен пред една година, односно концесија на „Дрисла“ за период од 35 години е вреден 73 милиони евра. Во моментов се чека на издавање на потребните дозволи за изградба на шест инсталации, пишува „Дневник“.
Во изминативе месеци се работело на елаборати и на подготовка на документацијата за дозволите, изјави Дијана Велјановска, шеф на кабинетот на директорот Горан Ангелов. За таа цел се изготвени соодветни проектни документи (геолошки, теренски и локациски испитувања), како и студија за влијанието на „Дрисла“ врз урбанистичкиот план. Таа вели дека издавањето на дозволите за градба е при крај.

Во рамките на депонијата „Дрисла“ очекуваат да профункционира современа фабрика. Притоа, градската власт од годишниот профит на Италијанците, ќе добива 20 отсто, односно според процените на градоначалникот Kоце Трајановски, околу еден милион евра. Наскоро ќе следува и кампања за примарна селекција на отпадот на ниво на цел град, во организација на „Дрисла“ и „Kомунална хигиена“, најавија од акционерското друштво.

Испрати коментар

Scroll To Top