Насловна / Вести / Постројката за третман на отпадни води во Виена, енергетски независна до 2020 година

Постројката за третман на отпадни води во Виена, енергетски независна до 2020 година

Виенската компанија за прочистување на отпадни води која функционира уште од 1980 година, планира да стане целосно енергетски независна до 2020 година, односно да се снабдува со електрична енергија за сопствени потреби користејќи ја енергијата од отпадниот талог. Ова претставува голем успех, бидејќи постројките за третман на отпадни води спаѓаат меѓу најголемите комунални потрошувачи на енергија. viena-procistuvanje-na-voda_4

Постројката во Виена секоја секунда обработува 6400 литри оптадни води, при што секојдневно се одвојуваат  над 100 илјади килограми цврсти материи, а прочистената вода се испушта во Дунав. Од градската управа одлучиле да произведуваат гас користејќи го талогот од цврста материја и да обезбедуваат електрична енергија за потребите на постројката. Изградбата на посебна постројка за генерирање на гас од отпадните материи и производство на електрична енергија ќе го чини Градот 250 милиони евра. viena-procistuvanje-na-voda_3

Се работи за количина од 20 милиони кубни метри гас кој се состои 2/3 од метан. Гасот ќе биде филтриран и насочен кон електраната за производство на електрична енергија. Од компанијата истакнуваат дека овој концепт ќе значи и намалување на емисијата на стакленички гасови за 40 илјади тони годишно.Hauptkläranlage Wien wird mit Siemens zum Ökokraftwerk / Siemens helps transform the main wastewater treatment plant in Vienna into a green power plant viena-procistuvanje-na-voda_1

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top