Лесковачката постројка за пречистување на отпадни води, половина од своите потреби од електрична енергија ќе ги покрива од сопствено производство. Постројката која со пробна работа започна во декември минатата година, сега започна и со производство на електрична енергија од биогасот кој се создава во бидигестори на самата локација. Освен централната постројка за пречистување на отпадните води, проектот „Управување со отпадните води на град Лесковац“ предвидува и изградба на главен градски колектор и проширување на канлизациската мрежа во приградските населби (ORIO проект).
Проширувањето на канлизациската мрежа во приградските населби опфаќа изградба на мрежа во должина од 80 километри и се финансира со донација од владата на Холандија во вредност од околу 8 милиони евра. Во моментот се преговара со холандските власти за дополнителни 10 милиони евра за имплементација и на други активности во склоп на проектот ORIO.