Насловна / Вести / Построгите еколошки правила ќе затворат една третина од термоцентралите на јаглен

Построгите еколошки правила ќе затворат една третина од термоцентралите на јаглен

Grinpis protiv jaglenot

Истражувањето спроведено од страна на Институтот за енергетска економика и финансиски анализи (IEEFA – Institute for Energy Economics and Financial Analysis) покажува дека построгите еколошки прописи за емисија на димни гасови може да резултираат во скапи модернизации или затворање на една третина од производните енергетски капацитети на јаглен. Земјите од ЕУ на 28 април дадоа зелено светло за предлогот големите термоцентрали да имаат построги ограничувања во однос на емисиите на сулфурни и азотни оксиди кои се сериозни причинители на повеќе болести. Интересно е дека земјите од поранешниот источен блок кои имаат сериозни капацитети на јаглен (во што предничи Полска), но и Германија  гласаа против.

Grinpis protivnici i poddrzuvaci na jaglen vo EU

Со цел ускладување со новите прописи електричните централи ќе мораат да направат сериозни вложувања во нови технологии и да го ограничат нивното работење на 1500 часа годишно, а во спротивно ќе треба да стават клуч на врата.   Според Институтот трошоците за модернизција на овие термоцентрали би ја покачиле цената на произведената електрична енергија за 8-11 евра по MWh.  Со истражувањето биле опфатени 600 термоцентрали во Европа.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top