Националната галерија на Северна Македонија ги затвори своите изложбени простори поради пандемијата од коронавирусот во согласност со препораките на Владата на Северна Македонија и се движи од галерискиот простор кон виртуелниот. Постојаната поставка на Националната галерија, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам е достапна во виртуелна варијанта до посетителите.
Mожете да ја видите преку VR платформата https://my.matterport.com/show/?m=seBXUrNdika.