Многумина се прашуваат постои ли дел од земјата кој со ништо не е третиран, постои ли држава која го негува природното и каде бројот на годишните туристички посети е ограничен? Добредојдовте во Бутан. Кралството Бутан, иако е отворено за светот веќе 40 години, се уште го ограничува влезот на странците. 60% од површината на земјата засекогаш мора да биде прекриено со шуми, увозот на дрва е забранет, а еднаш месечно забрането е и користењето на автомобил. Националниот развој строго ги почитува принципите на одржливиот развој. Од најмала возраст децата учат како да бидат подобри луѓе, ги учат основните земјоделски работи и пред се да ја чуваат животната средина. И покрај тоа, Бутан е една од најсиромашните земји во светот, каде 70% од населението живее без пристап до електрична енергија.
Извор: reciklirajte.me