Насловна / Архитектура / Постхумно завршен последниот проект на Оскар Нимаер

Постхумно завршен последниот проект на Оскар Нимаер

Сместена меѓу живописните француски лозја, оваа заоблена структура со застаклен галериски простор, проследена со сала од 80 седишта во цилиндрично затворена форма, е вистинско мало архитектонско ремек дело на познатиот Оскар Нимаер.

Заоблени форми, чисти линии и вода во внатрешноста и надворешноста, толку препознатливи за покојниот архитект, го карактеризираат овој реализиран проект, кој неодамна е отворен за јавноста.

Oskar

Шато Ла Кост, е поширока област, француско лозје и дом на над 40 уметнички и архитектонски дела распространети на површина од 500 хектари.

Од неговото отворање во 2011 година, архитекти и уметници секоја година се поканети да го посетат овој пејзаж и да создадат свое специфично дело за него, на место што ги инспирира.

Френк Гери, Жан Новел, Тадао Андо и Ричард Роџерс можат да се гордеат со своите постојани дела во Шато Ла Кост.

Проектот на Оскар Нимаер е почнат во 2010 година, а изградбата на објектот е завршена дури неодамна – десет години по неговата смрт, пишува Archdaily.

Она што го прави интересно ова дело не е само проѕирната фасада која ја нагласува поврзаноста на павилјонот со околниот пејсаж, туку има и плиток базен кој внесува нова димензија на проектот преку меѓусебната игра на светлината и рефлексијата.

Oskar1

“Беше апсолутно задоволство да се работи на овој проект. Локацијата е многу убава и пријатна, а околината мирна. Павилјонот мораше да биде во форма на лесна конструкција прилагодена на пејзажот, како и на вегетацијата. Структурата е „како дома“ во оваа средина и ќе биде задоволство да се шета овде“, изјави еднаш Нимаер за својот проект.

Најновиот додаток на растечката колекција на архитектонски дела на Шато Ла Кост лесно се чита како архитектонско дело, благодарение на неговите карактеристични заоблени форми и комбинацијата на цврсти материи и проѕирни волумени, како и употребата на вода во проектот.

Oskar2

Лоциран во непосредна близина на лозјата, до објектот се пристапува по кривулеста патека која води низ лозјата и низ плиток базен.

Во внатрешноста, како највпечатлив елемент, се истакнува црвен керамички мурал заснован на цртеж на архитект и го краси единствениот непроѕирен ѕид во галеријата.

Oskar3

Испрати коментар

Scroll To Top