Оваа година Сараево прославува неколку значајни јубилеи и ќе биде домаќин на многу културни програми. Градот Сараево 2014 година ќе ја помине во расположение на повеќе одбележувања. Во февруари беше одбележана 30-годишнина од XIV Зимски олимписки игри, кои во 1984 година се одржаа во Сараево.
Потоа, во овој месец, уште еден од симболите на Сараево ги отвора своите врати: Градското собрание – зграда на градската библиотека изградена во 1894 година, која изгорела во 1992 година, за време на опсадата на Сараево.
Сараевскиот филмски фестивал во месец август ќе ја прослави својата 20-годишнина, а една од важните годишнини е секако сто години од Сараевскиот атентат на австро-унгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Фердинанд, со што и започна Првата светска војна во 1914 година.
Еден од најинтересните постери создадени во контекст на градот и неговите последни сто години е оној потпишан од страна на младиот графички дизајнер од Сараево, Харис Јусовиќ. Харис во својата идеја ги споил традиционалниот симбол на градот – Сараевска чаршија со алузија на современите високи потпетици. Овие дела се дел од неговата серија „Високи потпетици“.