Дипломирала на College of Arts and l’Ecole Arts Decoratifs во Париз, Polly Brotherwood е илустратор која живее во Париз и работи за клиенти ширум светот во доменот на луксузни брендови, филм и архитектура.
Соработува на проекти со архитекти, режисери и брендови за дизајнирање постери, анимирани клипови и принтови, работејќи на разновиден спектар на проекти, од илустрации за Луи Витон, до анимирани клипови со Bouroullecs. Polly во Франција е застапувана од париската агенција за рекламирање Ôpos и се специјализирала за врвни кампањи за маркентинг во луксузната индустрија. Нејзини клиенти се: Louis Vuitton, Dior, Chantelle, L’Oréal, Bouroullec, CAB Architects, Ramin Bahrani, Lucky Hat Films и други значајни имиња.
Колекцијата Objets Nomades на луксузниот бренд Луи Витон меѓу дизајнерските парчиња мебел содржи и збирка постери дело на Polly Brotherwood. Колекцијата одава почит на минатото и на дизајнерите. Луи Витон со Polly Brotherwood изработиле серија постери на кои се прикажуваа дизајнерите кои се дел од Objets Nomades во опкружување на нивниот роден град.
Овие постери можат да се нарачаат на страната на Луи Витон, нивната цена изнесува 225 американски долари.