Насловна / Вести / Поставување нова сигнализација и патна опрема на 11 патни делници

Поставување нова сигнализација и патна опрема на 11 патни делници

20150704_145010

Во рамките на Декадата на безбедност на патиштата, а во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, ЈП за државни патишта од крајот на  минатата година  го отпочна проектот  за поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација и патна опрема на 11 државни патни правци. Се работи за патните правци Илинден-Калуѓерец, Ржаничино-Свети Николе, Лакавица-Неготино-Дреново, Давидово-Раброво,Брајковци-Марвинци,Страцин-Кратово-Пробиштип-Крупиште, Струга-Дебар, Макази-Маркова Нога, Макази-Граничен премин Стење, Прилеп-Македонски Брод-Кичево, Прилеп-Кривогаштани-Крушево-Сладуево, Виница-Смојмирово и Струмица-Дојран во должина од  560 км..

20150704_144735
Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов направи увид во завршните работи на последните делници од проектот. На единаесетте патни правци е извршена замена на еластичната ограда, поставени се нови катадиоптри,  заменети се со нови сообраќајните знаци и смероказите и поставена е нова хоризонтална сигнализација. Инвестицијата е во вредност од 158 милиони денари.

9По завршувањето на овој проект  веќе од месец август оваа година, ЈП за државни патишта продолжува со три нови проекти кои ќе опфатат поставување на нова сообраќајна сигнализација и патна опрема на 12 регионални и магистрални патишта со должина од 450 км.

Испрати коментар

Scroll To Top