Енергетскиот гигант Ørsted се подготвува да започне да го гради ветерниот парк Hornsea 3, во Северно море со капацитет од 2,85 GW. Кога ќе биде завршена, веројатно тоа ќе биде најголемата ветерна електрана на светот. Но, компанијата мора да обезбеди адекватни услови за гнездење на тропрстиот галеб (Rissa tricaltica), кој е на листата загрозени видови.
Таканаречената еколошка компензација треба да го намали штетното влијание на постројката врз популацијата на овие птици. Меѓу мерките е изградба на структура з агнездење долж источниот брег на Англија. ветерниот парк Hornsea 3 ќе биде лоциран на околу 121 километар од Норфолк и 160 километри од Јоркшир. Во близина се наоѓаат две ветерни електрани на море, Hornsea 1 и 2, кои заедно имаат 2,5GW.
Според најавите, Hornsea 3 би можел да биде пуштен во работа во 2027 година. Би требало да обезбеди доволно електрична енергија за напојување на 3,2 милиони домаќинства во Велика Британија. Ørsted истакнува дека ефикасните мерки на еколошка компензација се од суштинско значење за реализација на проектите на офшор ветерни електрани. Компанијата спровела детална анализа на локации погодни за поставување на објекти за гнездење на тропрстиот галеб. Ова е прв потфат од овој вид. Гнездата се проектирани од страна на тим орнитолози, архитекти и инженери, со цел да одговара за тропрстите галеби и да се вклопуваат во пејсажот. Локациите се избрани во соработка со Кралското друштво за заштита на птиците (RSPB). Падот на бројноста на тропрстите галеби од 2000 година, го доведе овој вид во опасност од изумирање, па затоа сега се наоѓаат на црвената листа во Велика Британија.