Град Скопје на барање на граѓаните започна да поставува заштитни столпчиња на улицата „Франклин Рузвелт“.
Според планот, во наредниот период, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе постават околу 200 заштитни столпчиња од двете страни на улицата „Франклин Рузвелт“, на потегот од крстосницата со „Орце Николов“ до пешачкиот премин пред крстосницата со булеварот „Партизански одреди“.
Со поставените столпчиња треба да се заврши непрописното паркирање на возилата на овој потег.