Откако се случи земјотресот во 2011 година во јапонскиот град Fukushima, земјата се соочи со значителен пад во однос на енергетското снабдување. Поради тоа јапонската влада се одлучи да го финансира поставувањето на најголемата пловечка турбина за ветер токму на оваа локација. Турбината ќе биде виока 105 метри и истата ќе може да ги преживее брановите со висина од 20 метри вклучувајќи ги и цунамите.