Денес во Белград беше поставен камен-темелник за нова „паметна“ зграда на банката Сосиете женерал, чиjа нето вредност е 14,5 милиони евра.
Во неа ќе бидат вградени мини електрани за производство на електрична енергиjа, паркинг простор са соларни полначи за возила на електричен погон, а ќе ја гради групата ИMEЛ. Kако што велат во банката, паркингот ќе биде отворен за граѓаните, па полначите ќе можат да ги користат и соседите што имаа електрични возила.
Сите системи во зградата, според планот, ќе бидат интегрирани во BMS (Building managment system), за да се зголеми квалитетот на условите за работа, но и да се заштеди електрична и топлотна енергија и потрошувачка на вода.
Новата зграда ќе има и рекуператор за дождовница, која ќе се користи за технички потреби на зградата, наместо водата за пиење.
Инаку, објектот ќе биде изграден на три километри од центарот на Белград, ќе има шест нивоа, подземна гаража, кровна тераса и ќе се простира на површина од 10.612 квадратни метри.
Kапацитетот на зградата е околу 650 работни места, а објектот ќе има и тренинг центар со мултимедијални и мултифункционални содржини, кои можат да примат околу 150 луѓе. Проектниот рок за завршување на работите е првиот квартал на 2016 година.