Насловна / Форум / Кус post festum есеј за Метрополата

Кус post festum есеј за Метрополата

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/blagoja-kolev-vo-boja.jpgПрофесионалниот приод кон проектот ,,Скопје 2014,, неизбежно наидува на апсурд. Kако може да се говори за ,,проект,, кој е претставен пред јавноста преку елекронските медиуми како визуелно-аудитивна симулација? Едновремено, како може да се говори за ,,визуелна симулација,, односно фантазматична претстава, кога пред очите на јавноста , па и пред очите на професионалната јавност, веќе се изѕидани фасади на голем дел од дигиталната слика ?!Дали оваа ,,реалност,, е магионичарски трик,,,хипноточко,,доживување,мистично чудо?,,Што е всушност?!

Една дама пред извесно време изјави дека ,,дигиталните,, згради веќе ,,никнуваат,,!Прв пат во мојот професионален живот слушам дека архитектонската реалност ,,никнува,,!Всушност таа дама ја погоди суштата вистина: плоштадниот центар на Градот ненадејно ,,никнува,,. ,,Никнува,,сам од себе и сам по себе како некое егзотично растение чие семе некој непознат ветер го довеал од чудна земја -Недојдија. Сепак се чини дека ,,егзотичното растение,, не е ,,вонземно,,зошто е препознатливо во сите урбани димензии: кружната целина на градскиот плоштад вибрира слики од познати светски , градски центри. Се препознаваат триуфалните порти, некогаш параден влез за маршот на империјалните триумфи, денес иронично потсетување за минливоста на светската слава ;се препознава и понекоја реализирана идеја на некакви мечтателни градители, се препознаваат и раскошните фасади на претпоставените дворци кои треба да бидат дистанцирани во простор наменет за восхит на народната маса, се препознаваат колонадите, кубињата, ритамот на прозорците…

Во сето ова се насетува намерата на идеолошките творци – да се изградат зданија и градби кои ќе сведочат за градителскиот ентузијазам и на едно определено време. Но, всушност не се работи само за ,, насетување ,, на фингирана желба да се одбележи едно активно градителско време, туку токму според нагласените содржини намерата е цврста -во двораните на двореците да се сместат сите меморирани ,,артефакти,,од аналите на националната историја и голем број новосоздадени артистичко-историски монументи, за да се чуваат и да се презентираат меморијалните експонати; во дворците и во кабинетите ќе треба да се населат многубројните чиновници, бирократи и слични лица, правни и физички субјекти, кои штедро ќе располагаат со државниот(народен) буџет. Раскошниот центар на Метрополата ќе биде прескап за сметка на добронамерните желби на творците.

Токму во таа смисла чудна и чудесна е желбата на градителските креатори- централното градско јадро да претставува една самодоволна целост, апсолутна затвореност, целосна заситеност која со презир,,изјавува,,дека не зависи од ниту едно друго градско рамниште, дека не е заитересирана за ниедна периферна градска содржина, ниту за градското движење во која било насока. Всушност оваа и ваква апсолутна целина одбива секаква интеграција со екстерните и се разбира според замислата, инфериорни делови на градот.

Но, настрана екстравагантните желби на идејните креатори, во прашање е ,,баналната,, реалност: судејќи според реалното секојдневно движење во централната зона на градот (и не само во централната зона) едно дисперзирано (и не транспарентно) градилиште збунува, оптеретува, па и спречува, не само движење на моторни возила, туку го отежнува движењето и на пешаците. По се судејќи, центарот на Метрополата навестува елитна крепост, еден ,,благороднички,, простор кој ќе треба да биде атрактивен уметнички круг со фонтани, густи формации од мермерни и бронзени скулптури, величествени споменици на минатовековни херои…

Намерата е јасна: откако ќе ,,никне,, центарот на Метрополата, вечно ќе сведочи за славното минато, за богатата историја низ вековите, а ќе сведочи дека ова градителство се остварило токму во денешно време, време на силна демократија.

По сето ова, според сугестијата на ,,Порта 3,, би требало да проговорам за своите проекти, изработени на оваа тема, да проговорам не само за своите, туку и за проектите на другите архитекти, светски и домашни, да проговорам на пример, за идеите на светскиот архитект Кензо Танге, креатор на урбаната и урбанистичката структура на пост-земјотресното Скопје. Но, што да се каже во состојба post festum i post factum? Секому му е јасно дека креацијата на Кензо Танге одамна е ad acta и поради одминатото време, кое коренито и забрзано ги менува состојбите на урбаното живеење, но и поради непочитувањето на професионалните планерски предлози, дури и кога се со универзално значење. Како да говорам за своите објавени и необјавени архитектонски идеи и проекти кога расположнивиот простор од она време е со нарушени концептуални можности за функционално и ефикасно урбанистичко планирање? Имено, сите предходни урбанистичким идеи се анахрони зошто одамна веќе Метрополата е ,,затната,, со непромислени, неумесни градби и згради, сместени како намерна попреченост на градското движење од секаков вид. Во таа смисла не е за чудење смелоста на новите креатори да создадат непристапен, речиси метафизички круг, во самиот центар на градот! Одамна е разорено рационалното планирање на градот како една функционална целост на Републиката.Zбесмислено е озаконето правилото-просторот да се дели на случајни, попатно ,,откриени,, марки, маркици, маркички и слични ситнурии, не по промислено планерско -урбанистичка волја, туку секому по волја, а најчесто според никаква профитабилна волја, која доминира повеќе години наназад.

 

проф.д-р.Благоја КOLEV

Испрати коментар

Scroll To Top