Последниот термоенергетски комплекс на јаглен во Словенија, има само десетина години да се префрли на други дејности, бидејќи таа земја планира во 2033 година да престане да го користи ова фосилно гориво. Premogovnik Velenje, компанијата која управува со рудникот на лигнит кој ја снабдува термоелектраната Šoštanj, има влезено во девет меѓународни проекти за истражувања и иновации, кои ги финансира RFCS – Фонд на Европската унија за истражувања во секторите јаглен и челик.
Освен тоа, оваа државна компанија веќе гради своја соларна електрана со вкупна оќност од 30MW, при што самата е изведувач на работите и проектант. Меѓу проектите кои планира да ги реализира се изградба на електрана на гравитација (Gravpower 2.0), која подразбира паметен систем за складирање на енергија. Исто така, компанијата истражува во областа на собирање на метан и генерирање на водород како одржливо гориво. Уште една од варијантите е паметното одгледување храна во рамките на проектот Mine4Food.
Premogovnik Velenje додава дека ќе ја промовира експолатацијата на јаглен како европско културно наследство и дека ќе ја унапреди кариерната мобилност и создавањето зелени работни места, во согласност со Европскиот зелен договор и принципите на праведна транзиција. На полето на заштитата на животната средина, покренати се проекти за санација и преравботка на рударскиот отпад.