Насловна / Вести / Последни подготовки за поаѓање на брзиот воз Белград-Нови Сад

Последни подготовки за поаѓање на брзиот воз Белград-Нови Сад

За нешто повеќе од половина час ќе се патува од Белград до Нови Сад со брз воз, кој наскоро треба да почне редовно да сообраќа меѓу двата најголеми српски града. Во промотивниот период билетите во еден правец ќе чинат 375 динари, а првиот воз секое утро ќе тргнува во 7.34 часот.

Според најавите на надлежните од железниците, оваа недела се очекува првиот воз со патници да тргне од Белград во 7.34, а во Нови Сад да биде веќе во 8.10 часот. Брзиот воз, кој може да оди и до 200 километри на час, ќе сообраќа пет пати на ден од Прокоп до Нови Сад, а патувањето во просек ќе трае 36 минути, со застанување само на станицата „Нови Београд“.

vvvv

Билет во еден правец ќе чини 375 динари по промотивна цена, а повратен 750 динари. Целосната цена ќе биде 1.600 динари.

Билетите ќе може да се купат на три начини – преку апликацијата „Воз Србија“, на нови машини за билети инсталирани на железничките станици или на благајните.

На железничката станица Прокоп во моментов се тестира нов софтвер, системот за сопирање и самата пруга.

Од „Воз Србија“ велат дека електромоторните гарнитури на „Ѕtadler“ имаат по 314 седишта.

v2

„Станува збор за најексклузивни електромоторни гарнитури. За патниците на дабл-декерите ќе биде обезбедена храна, а за дополнителна удобност покрај кондуктерите ќе бидат задолжени и стјуардеси и стјуарди кои како во авион ќе продаваат кафе, сокови, грицки, салати и сендвичи. Овие производи патниците ќе можат да ги купат и во бифето. Сметката за освежување ќе можат да ја платат во готово или со картичка“, велат од „Воз Србија“.

И досаваат:„Влегувањето во возот го овозможуваат 12 електрично управувани лизгачки врати, а возот има и тоалети за лица со ограничена подвижност, паркинг места за велосипеди, апарати за кафе и сокови и посебен простор за пресоблекување бебиња. Во возот ќе има бесплатен интернет, а некои седишта имаат дополнително осветлување за читање додека се возите“.

v

Возот официјално го доби името – сокол.

На конкурсот за името и логото пристигнале 3.500 труда, а првата награда и за името и за логото ја добил дизајнерот Андрија Арсиќ. Логото се состои од стилизирана глава на сокол во боите на српското знаме и кириличен натпис „Сокол“.

Испрати коментар

Scroll To Top