„Гравитацијата е сила која може да пречи“ е името на последниот проект на шпанскиот уметник Iñigo Manglano-Ovalle.
Овој уметник од Мадрид го реализирал еден од познатите неизведени објекти на Mies van de Rohe, само наопаку. Инсталацијата е превртена реплика на „50×50 Куќа“, проект кој е направен во 1951 година. Куќата e прототип на архитектурата на Mies. Носечката конструкција е од челични столбови, па така не се потребни масивни ѕидови кои би пречеле во затворањето со стакло. Внатрешноста е уредена со црни кожни Барселона столици и дрвена кујна која е сместена исто како и сè останато, наопаку. Оваа изложба главно е поддржана од The Andy Warhol Foundation for the Visual Arts и The Krichman Family Fund of the Jewish Community.