Ураганот „Ирма“ кој изгуби од силата и се претвори во тропска бура и натаму слабее кон тропски циклон и веројатно до вечерва целосно ќе ја изгуби силата, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
„Ирма“, која се наоѓа на околу 150 километри југозападно од Атланта и Џорција, во моментов носи ветрови од 55 километри на час и поројни дождови на американскиот југоисток.
Жителите на Флорида во шок се враќаат по бурата во остатоците од домовите. И натаму половина од популацијата во земјата е без струја, а градските улици се под вода, од Орландо и Џејксонвил со Џорџија и Јужна Каролина.
Сепак штетата во Флорида е многу помала од разорното дејство на „Ирма“ во делови од Карибите, каде загинаа 40 луѓе, од кои 10 само на Куба, пред бурата да тргне кон САД.
За време на дејството на „Ирма“ во Џорџија, со ветер од 100 километри на час, брановите предизвикаа поплави во областите Брансвик и Савана во Џорџија до Чарлстон во Јужна Каролина.
Во Чарлстон брановите го урнаа градскиот ѕид и повеќе населби се под вода.
Во Јужна Каролина е регистрирана една жртва- маж кој расчистувал пред куќата за време на циклонот.
Бурата за време на викендот ја предизвика и првата жртва во САД, маж од Мајами Киз кој е пронајден мртов во камион што се забил во дрво поради силниот ветер.