После повеќе од половина век производство, последниот авион Boeing од типот 747, познатиот „кит“, излезе од фабриката во сојузната американска држава Вашингтон. Кога бил за прв пат произведен во 1969 година, бил најголемиот комерцијален авион на светот. Дизајнот на авионот вклучува издигнување кое се протега од кокпитот преку предната третина на авионот. Затоа авионот има „грпка“ по кога е препознатлив и која била инспирација за прекарот – „кит“. Над 50.000 вработени во компанијата работеле 16 месеци за да го произведат првиот примерок. До денес се направени 1574 парчиња.
Но, во текот на изминатите две децении, Boeing и неговиот европски конкурент Airbus, постепено се свртуваа кон поефикасни и попрофитабилни авиони – широкотрупни авиони со два мотори наместо со четири колку што ги има моделот 747. Delta беше последната американска авио-компанија која го користеше 747 за комерцијални патнички летове, што се заврши во 2017 година. Некои меѓународни превозници сепак продолжуваат да го користат 747, а меѓу нив е германската авио-компанија Lufthansa.