Насловна / Вести / После 30 години од Индија се гледаат Хималаите

После 30 години од Индија се гледаат Хималаите

За време на пандемијата со коронавирусот, одредени делови на Хималаите станаа видливи  заради намаленото загадување на воздухот. Ова е слика што не е видена веќе 30 години.

Himalai

Жителите на градот Џаландхара, во сојузната индиска држава Пунџаб, велат дека оваа слика не ја виделе 30 години.

Хималаите се сега видливи на далечина од 200 километри. Индија е една од најнаселените држави во светот, а исто така и поедини градови се најзагадени. Поради коронавирусот државата воведе карантин, а поради помалиот број на автомобили на патиштата и намалената работа на фабриките, загаденоста на воздухот е намалена.

Himalai1

Испрати коментар

Scroll To Top