Насловна / Вести / После 2025 година, 100% од компонетите на ветерните електрани ќе мора да се рециклираат

После 2025 година, 100% од компонетите на ветерните електрани ќе мора да се рециклираат

Здружението WindEurope овие денови побара забрана за одлагање на депонии на остатоците од ветерните агрегати до 2025 година во Европа, бидејќи европската индустрија на ветер активно се обврзува за повторна употреба и рециклирање на 100% од лопатките. Оваа забрана дополнително ќе го забрза развојот на одржливите технологии на рециклирање на композитните материјали. Би требало да стапи на сила по 2025 година, а ќе се применува и за други големи композитни компоненти кај модерните ветерни електрани. Поголемиот број компоненти – вклучувајќи челик, бетон, бакарна жица и сл, веќе имаат воспоставен кружен тек на рециклирање. Композитните материјали се посебен предизвик за рециклирање. Достапни се некои технологии за рециклирање на композитните материјали од лопатките, а се поголем број компании ја нудт оваа услуга, иако сеуште решенијата не се широко достапни или пак ценовно конкурентни.

blades1

blades2

Испрати коментар

Scroll To Top