Насловна / Вести / Пошумен мост во Канбера

Пошумен мост во Канбера

Архитектонско студио CX Landscape го објави својот предлогот на пешачкиот мост Ribbons of Life (Ленти на животот) со кој учествуваше на јавен конкурс организиран од Институтот за пејзажна архитектура во главниот град на Австралија.

ACT_BLOCKS(ALL)
Живиот мост во Канбера треба да се вивне преку вештачкото езеро Berli Grifin, направено во 1963 година во самиот центар на градот. Денес околу езерото постојат многу важни институции, како што се Националната галерија, Националниот музеј, Националната библиотека, Врховниот суд и парламентот, а самата езеро е популарно место за излети, а особено е популарно меѓу рибарите.
На ова место постои мост кој овозможува непречен сообраќај во двете насоки. Со создавање „шумска обвивка“ околу постоечкиот мост, студиото CX Landscape на овој начин успеало потполно да го редефинира мостот и да му даде нова намена.

ACT_BLOCKS(ALL)
Езерото Berli Grifin е направено за време на големата реорганизација на градот, кон крајот на 50-тите години од минатиот век, кога на ова место се градела и голема брана. При тие интервенции уништени се бројни дела на абориџанската уметност, па така новопроектираниот мост на симболичен начин треба да ја поправи грешката, пишува ArchDaily.

ACT_BLOCKS(ALL)

Пошумен мост
Пошумениот мост треба да биде со должина околу 300 метри, а широчината му варира од 30 до 100 метри. Западниот раб на објектот се протега во вода каде станува мочуришно земјиште и на посетителите им овозможува пристап до водата, додека водени растенија придонесуваат за подобрување на квалитетот на водата. Поктај мочуришни растенија, тука ќе има различни карпи, дрвја и други автентични примероци на природата.

5

Живеалиште за животни
Една од лентите на мостот е замислена како линеарен парк, независна структура за премин на луѓе. Оваа секција ќе обезбеди образовни можности на отворен простор, а замислена е и како живеалиште на некои диви животни.

4
Соларни панели се интегрирани во асфалтот за да се произведе чиста енергија која ќе се користи за осветлување. Клучните компоненти на паркот се претставени во кулата за гледање на птици, плажата свртена кон водаата и ласерски проекции на ѕидовите и каналот за набљудување на животот во водата.

3

6 9 7

Испрати коментар

Scroll To Top