Насловна / Арт и дизајн / Поштенската шалтер сала во Скопје го воодушеви Мелник

Поштенската шалтер сала во Скопје го воодушеви Мелник

Музичкиот настап на најбрзиот пијанист на светот, Љубомир Мелник, кој првпат доаѓа во Скопје, во организација на Младинскиот културен центар се одржа во шалтер салата на дирекцијата на АД Пошта и ги одушеви љубителите на класичната музика.

p2_resize

А поштенската шалтер сала во Скопје која беше опожарена во 2013 година и оттогаш не е ставена во функција го воодушеви Мелник. Тој по концертот изјави: „Уште првиот миг кога зачекорив внатре не можев да поверувам, тоа беше најубавиот простор каде сум бил во мојот живот. Дури и уништен тој е музеј на уметноста со одлична акустика, своевиден културен центар кој треба да го види целиот свет”.

п3_resize

Љубомир Мелник (роден на 22 декември 1948 година) е композитор и пијанист со украинско потекло.

Мелник е познат по својата континуирана музика, пијано техника заснована на исклучително брзи ноти и сложени нотни серии. Компонирал над 120 дела, главно за соло пијано и двојно пијано, а некои за пијано со ансамбл.

p1_resize

Во 1985 година, Мелник постави два светски рекорди, документирани на филм и со целосен звук, во Sigtuna Stiftelsen во Шведска. Одржувал брзина од над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, а свирел помеѓу 13 и 14 ноти во секунда во тек на цел еден час.

п4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top