Во Милано во моментот трае експерименталната фаза од проектот за воведување на роботи наместо поштари. Тежок 50 килограми и висок околу еден метар, роботот Yape е новиот робот – поштар, кој започна со екпериментална работа во еден од квартовите на Милано. Името му е акроним од Your Autonomous Pony Express и ќе биде во состојба да понесе 10 килограми пратки.
Тестот ќе трае околу една година, а ќе бидат вклучени два робота. Целта е за следната година да се воведат уште осум. Нив ќе ги следи тим кој ќе го анализира нивното однесување и ќе интервенира при евентуални грешки. Преку апликација, корисниците ќе можат да стават во роботот пратка за испорака. Роботот има системски сензори кои му овозможуваат поглед во распон од 360 степени, поседува камера и тродимензионален ласерски скенер кој „гледа“ и до 150 метри оддалеченост.