Насловна / Вести / Посетителите ќе мора да плаќаат за престој во паркот „Галичица“

Посетителите ќе мора да плаќаат за престој во паркот „Галичица“

plakanje za vo galicica

Националниот парк „Галичица“ започна да го наплаќа влезот на посетителите што сакаат да уживаат во убавините на природата или да вршат некаква активност во паркот. Влезници веќе се наплаќаат во Инфо-центарот на паркот, како и во туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а од годинава со наплата е опфатена целата територија на паркот.
Посетителите за влез ќе плаќаат по 30 денари. За автомобили и мотори цената е 50 денари, за минибуси 80, а за автобус 150 денари.
За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град влезницата ќе чини 200 денари, исто колку и еднодневно кампирање (кое е дозволено единствено во локалитетот Корита). За поставување шатор се наплаќа 150 денари.
Билетот за параглајдеристите ќе чини 300 денари за 30 минути лет, додека целодневен билет ќе ги чини 1.000 денари, а собирачите на диви плодови и растенија ќе можат да извадат легитимација која ќе чини 500 денари годишно.
Локалното население кое живее во границите на Националниот парк „Галичица“ е ослободено од плаќање, но затоа одреден надоместок ќе треба да плаќаат фирмите што вршат каква било дејност во паркот.
Средствата што ќе се собираат од наплатата за влез, ќе бидат искористени за заштита на природата во паркот и за изработка на промотивен материјал.

Испрати коментар

Scroll To Top