Португалскиот уметник Sergio Odeith, својата кариера со спрејови ја започнал уште во средината на осумдесетите години, а денес создава извонредни уметнички дела. Odeith започнал да црта графити пред повеже од 20 години, главно илегално на потпорните ѕидови и на ѕидовите покрај железничката пруга, а неговата страст го прави препознатлив како уметник кој црта големи мурали. Многу од нив се насликани низ сиромашните области на Амадора. Тој е самоук во оваа своја вештина, а станал познат особено после 2005 година и препознатлив по својата техника на анаморфоза, односно оптичка илузија. Темниот стил наанаморфозата, кој подоцна го нарекол Somber 3D, подразбира автентични композиции на огромни инсекти или објекти, кои ги слика во напуштени простори, а кои станале вирални истакнувајќи се со реализмот и техниката. Во моментот живее во Лисабон и посебно е фокусиран на студиска работа и ѕидови.