Јадете за да не паѓате во несвест и да предизвикате доцнење на возовите, им порача на патниците едени португалски железнички превозник соочен со сé поголемиот проблем на доцнење на возовите поради патниците на коишто им се лоши за време на шпицовите.
„Појадувајте пред да влезете во воз, бидејќи инаку може да го попречите патувањето на другите патници!“, предупредува на плакатите железничкиот превозник Fertagus чиишто возови ги поврзуваат престолнината Лисабон и Сетубал, град педесетина километри јужно.
За да не остане сето тоа само на зборови, компанијата има намера во рамките на кампањата на патниците наутро да им дели јаболка и јогурт.
Во првите шест месеци од 2016 година, во возовите се онесвестиле 46 лица, што предизвикало вкупно доцнење од 209 минути на 51 воз, појаснува Рaкeл Сантош, директорка на маркетингот на Fertagus.
„На тие патници, во повеќето случаи, им се слошило бидејќи ништо не јаделе“, напомнува додавајќи дека таквите случаи главно се регистрирани за време на утринскиот сообраќаен метеж.
Покрај тоа, од Fertagus на своите патници им советуваат веднаш штом ќе се почувствуваат лошо, да излезат од возот и на следната станица да побараат помош, наместо да го продолжат патувaњето.